29 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ ќе подготви извештај за нарушувања на пазарот на само кинескиoт увоз

ЕУ ќе подготви извештај за нарушувања на пазарот на само кинескиoт увоз

Кина ќе добие посебно внимание според новите трговски правила со цел намалување на евтиниот увоз во Европската унија, објави Ројтерс, цитирајќи претставник на Европската комисија.

Комисијата, земјите-членки и европарламентарците се согласија дека сите земји-членки на Светската трговска организација треба да се третираат на ист начин кога ќе одредат дали прават дампинг на производите.

При нормални околности, дампингот би значело продажба под локалните цени. Сепак, ЕУ ќе направи исклучоци во случај на „значителни нарушувања на пазарот“, овозможувајќи им на инспекторите да ги споредат извозните цени со меѓународните репери.

Комисијата соопшти дека ќе подготви извештаи за големите земји за кои постои сомневање дека имаат такви нарушувања. За сега, сепак, таа ќе подготвува само еден.

„Кина ќе биде прва“, вели претставник на Комисијата кој побара анонимност.

„Не постои јасен план за извештаи различни од Кина“, рече тој, додавајќи дека отсуството на извештајот за земјата не значи дека европските производители не можат да укажат на постоење на нарушувањата во него.

Претставникот не ја исклучува подготовката на извештаи за други земји во иднина.

Европските претставници постојано велат дека Кина не е пазарна економија. Од 32-те комерцијални истраги што ги започнала Комисијата, 22 вклучуваат кинески увоз.

Европската унија и многу други кинески трговски партнери разговараат дали да ја третираат Кина како „пазарна економија“, која според Пекинг е нејзиното право од крајот на 2016-та година – 15 години по нејзиното пристапување во Светската трговска организација.

ЕУ започна расправа во почетокот на 2016-та година и одржа јавни консултации со собирање на повеќе од 5.000 мислења за тоа како да се справат со трговските жалби против Кина.

Комисијата заклучи дека не може да продолжи со сегашната практика на разгледување на Кина како „непазарна економија“, а во исто време да ги споредува кинеските извозни цени со оние на друга земја, на пример САД.

Според критичарите, кинеските компании се предмет на прекумерна државна интервенција со вештачки ниски цени, заканувајќи се на европските пазари да бидат изложени на уште поголемо депонирање.

Европската асоцијација на производители на челик „Еурофер“, која започна серија трговски жалби против кинескиот увоз, рече дека новиот договор со ЕУ е важен, но сепак треба да видиме како ќе се имплементира.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП