Нафтениот пазар во август и септември забележа високи импулси, Брент кон крајот на минатиот месец се движеше кон 60 долари за барел.
Но, одеднаш, цените на нафтата започнаа повторно да паѓаат и би можеле да бидат уште пониски, предупредуваат брокерите.
Неодмнешниот скок, за разлика од оние во претходните три години, беше заснован на значително подобрена понуда, што беше добар сигнал. Светските резерви значително се потрошени во последните неколку месеци и изгледа дека побарувачката е поголема.
Што се случи тогаш? Зошто повторно се враќа на околу 50 долари?
Постојат неколку причини: Прво, на цените влијаеле и геополитичките тензии – референдумот на курдите, по што Туција се закани дека ќе ја стопира испораката на нафта. Инаку стотина илјади барели нафата дневно минуваат низ гасоводот во Турција од северен Ирак, но Ердоган рече дека на „масата“ е укинувањето на тој гасовод. Потоа и референдумот во Каталонија.
Втората причина според која ОПЕК го повлече производството во септември и покрај договорот за замрзнување.
Факт е дека по тие вести нафтата значително се намали во текот на минатата недела.
Трето, американското производство на нафта продолжува да расте, па неодамна беше над 9,5 милиони барели дневно.
Четвртата, и можеби и најважната е обложувањето на инвеститорите.
Цената на нафтата ја попречи бран на профитабилни продажби по рекордните нивоа на шпекулации со цените на нафтата на лондонскиот пазар, бидејќи трговците ги охрабри балансираната понуда и побарувачката за нафта.
„Таквото ниво на пазарни шпекулации со растот на цената секогаш е проблематично“, преупреди Оливер Јакоб, аналитичар и брокер и додаде:
„Oва ново движење на цената… според моето мислење целосно е резултат на шпеклуативните заземања на позициите и потенцијални профитабилни продажби на делови на такви понуди“.
Според последните податоци цените на американската нафта падна за 1,1 отсто на 49,9 долари по барел, додека нафтата Брент поевтини за 0,5 посто на 55,7 долари по барел.
И нафтените компании се уште не направиле доволно за да го стабилизираат овој пазар, вчера потврди рускиот претседател Владимир Путин, кој објави дека договорот за замрзнување на производството или намалувањето на нафтата, најверојатно, ќе биде продолжен до крајот на следната година.