26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИгокеа се засили со НБА шампион

Игокеа се засили со НБА шампион

Босанскохерцеговскиот АБА-лигаш, Игокеа, донесе необично засилување за штотоку почнатата сезона – Дорел Рајт, американски кошаркар кој со себе има и шампионски прстен од НБА-лигата.

Рајт беше дел од шампионскиот тим на Мајами хит во 2006 година кога во тимот играа Двејн Вејт и Шекил О’Нил. Тој во кариерата играше уште и за тимовите на Голден стејт вориорс, Филаделфија 76 ерс и Портланд трејлблејзерс, а минатата сезона имаше неуспешен обид за враќање со тимот на Лос Анџелес клиперс.

Тимот од Лакташи, градче со речиси 35 илјади жители во близината на Бања Лука, е постојан член на АБА-лигата, а македонскиот шампион МЗТ Скопје гостува во Босна и Херцеговина на 16 октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП