24 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЕлегантна вила во Обединетите Арапски Емирати (фото)

Елегантна вила во Обединетите Арапски Емирати (фото)

Сместена во престижната Емирејтс Хилс населба во Дубаи, оваа неверојатна вила има површина од околу 2.800 метри квадратни…

Опремена е со префинети парчиња на мебел, раскошна декорација и најмодерни „hi-tech“ погодности. Содржи осум спални соби и единаесет бањи, а конструирана е со употреба на најквалитетни материјали како што се италијанскиот мермер, европското дрво, уникатните лустери од Мурано стакло и „Creston“ систем на домашна автоматизација.

Оваа вила ја дизајнирал француски архитект, па таа содржи две функционални кујни, три одвоени соби за седење, масивна подземна гаража со доволно место за осум автомобили, приватна канцеларија, домашно кино, прекрасен спа центар, вински подрум, елегантна трпезарија и посебен дел наменет за забави.

Среќните сопственици на оваа вила ќе имаат едно цело крило само за себе, со масивна спална соба и вграден гардеробер и две прекрасни приватни спални соби со фантастичен поглед. Во екстериерот на вилата се наоѓа прекрасен базен со ложа која е опремена со летна кујна, соба за пушачи и врвен поглед кој ќе го имаат преку нејзината тераса.

Цената на оваа вила е 32.4 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП