
Баварците потврдија дека сериското производство на долго најавуваното луксузно купе ќе стартува следната година во фабриката во Динголфинг во Германија.


Баварците потврдија дека сериското производство на долго најавуваното луксузно купе ќе стартува следната година во фабриката во Динголфинг во Германија.
Продукциската верзија на Серија 8 Купе ќе биде заснована на истоимениот концепт кој BMW ќе го претстави напролет 2017 година. Серискиот модел ќе се појави во продажните салони во текот на 2018 година, и тоа најпрво во Европа и САД.
Понатамошните планови вклучуваат и Серија 8 кабриолет, но овој модел би требало да стигне на пазарот една година подоцна, во 2019 година, дознава Auto News.

Кога наредната година ќе се најде во продажба, BMW Серија 8 Купе ќе го „нападне“ засега неприкосновениот Mercedes S-Class Coupe (рестилизиран на почетокот на септември), но и ќе ја пополни празнината во гамата на BMW, со оглед на тоа што на овој произведувач му недостигаше едно врвно луксузно купе.
Погонската палета ќе биде преземена од актуелниот BMW Серија 7, а помеѓу останатото, се очекува и шестцилиндричен 3.0 литарски турбо-бензинец, како и 6.6 литарски V12 twin-turbo од моделот M760Li xDrive.

Кога станува збор за BMW M8, тој би требало да добие 4.4 twin-turbo V8 кој се наоѓа во новиот BMW M5.
Продукциската верзија на BMW Серија 8 најверојатно ќе ја има својата премиера на саемот во Женева, во март 2018.