1 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕУлтимативен рај за љубителите на виното - Casa de Uco (фото)

Ултимативен рај за љубителите на виното – Casa de Uco (фото)

Сокриен во срцето на Аргентина, „Casa de Uco“ е спектакуларен виноград и одморалиште кое буквално може да ви го одземе здивот со својата убавина, услуга и магично опкружување.

Фантастичната тврдина која е комбинација од бетон и челик, делува како одлична позадина на природата која ја опкружува, а за елегантниот и модерен ентериер и да не говориме.

Овој имот се простира на вкупно 320 ари, па во понудата на љубителите на вино им нуди приватни вили кои даваат еден посебен шарм. Гаучосите и гурманите сигурно ќе се заљубат во ова место, додека пак, погледот на Андите го осигурува незаборавниот одмор на далечна дестинација.

Посетителите на „Casa de Uco“ можат да бираат помеѓу само седум соби кои се во понудата и 9 луксузни апартмани уредени со големи прозорци од под до плафон кои нудат панорамски поглед на природата, Андите и Уко долината.

На имотот, исто така, постојат и бунгалови кои се сокриени помеѓу зеленилото на лозјата, малку оддалечени од ресортот, но тие се совршено место за сите оние кои сакаат приватност и уживање во мир и спокој. Со чаша добро вино и сирења, како и оган која ве грее во дворот, ќе ги истерате и најнегативните мисли.

Со еден збор, „Casa de Uco“ е неверојатен имот кој ви нуди мени со органски производи кои се одгледуваат во самиот ресорт. Со оглед на тоа дека ова магично место е ресорт посветен на љубителите на виното, квалитетните вина се во понудата со перфектно подготвени и вкусни оброци.

Доколку сте во потрага за дополнителни активности, можете да се опуштите во надворешниот базен, во СПА центарот, џакузито или да изиграте партија тенис. Наша препорака е, секако, јавањето коњи во Аргентина, како земја на „гаучосите“. Ова искуство е посебно доживување и ќе го паметите цел живот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП