понеделник, 28 ноември 2022
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАYahoo го превземa Тumblr

Yahoo го превземa Тumblr

yahoo_tumblr

Неименувани извори кои добро се запознаени со плановите на компанијата тврдат дека „Yahoo“ сака да го купи „Tumblr“. Според нив цената кој би требало да ја платат ќе изнесува околу една милијарда долари.

Меѓутоа „Tumblr“ не е нивната единствена мета на пазарот. Како што пренесуваат одредени медиуми во последниве неколку месеци „Yahoo“ се обидува да постигне договор за купување на аквизиции кои ги поседуваат повеќе компании, меѓу кои се „Foursquare“, „Path“, „Pinterest“, „Hulu“, „Zynga“ и „Daily Motion“.

Дали и што од овие преговори ќе биде остварено останува да се види. Едно е сигурно покрај тоа што повторно сакаат да бидат актуелни, „Yahoo“ дефинитивно сака да и се доближи на младата популација, а тоа ќе може да го стори само со купување на сервисите кои тие најчесто ги користат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП