27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАMесечно се гледаат 6 милијарди часа видео на Youtube

Mесечно се гледаат 6 милијарди часа видео на Youtube

youtube-user-635

Видео порталот „YouTube“ продолжува со својот вртоглав раст. Неговиот сопственик, „Google“ објави нови статистики за она што се случува на „YouTube“ секој ден и месец.

Интернет страната е посетена од над 1 милијарда луѓе секој месец. Тие вкупно гледаат над 6 милијарди часа видео.

Постепено се поголем дел од најгледаните записи се во HD квалитет. Соодносот на HD видеото спрема стандардните веќе е изедначен, а во некои кратки периоди HD дури има повеќе посетители.

Покрај тоа, корисниците продолжуваат и активно да испраќаат нови материјали. Над 72 часа видео материјали се споделуваат секоја минута. Вкупно корисниците гледаат 4 милијарди видеа секој ден.

Полека, но сигурно, мобилните уреди, исто така ја зголемуваат својата улога. Од компанијата велат дека веќе 25 проценти од потрошувачката се спроведува преку паметни телефони и таблети.

Освен мобилноста и подобрените интернет брзини исто така влијаат врз зголемениот интерес кон видеопорталот и квалитетните HD содржини. Се разбира, тоа се одразува на „Google“ кој треба постојано да инвестира во хардвер и интернет капацитет за да можат да го преземат товарот.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП