24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРакометарите на Металург поразени од Војводина

Ракометарите на Металург поразени од Војводина

Ракометарите на Металург загубија на гостувањето кај Војводина 21:19 во рамките на четвртото коло во СЕХА лигата.

Металург по четири одиграни натпревари во регионалната конкуренција има скор од две победи и исто толку порази.

Против Војводина, избраниците на Лино Черва одиграа без доволно енергија, деконцентрирано во нападот, а иако во последните десет минути имаа нарешен резултат 1:1, не успеаја да победат. Клучни за конечниот резултат воведните 12 минути од второто полувреме во кои Металург постигна само еден гол, а Војдовина создаде предност 15:12.

Голманот Арсиќ со 11 интервенции беше најдобриот играч на Металург на овој натпревар, додека голгетерски се истакнаа Анѓечиќ со четири и Илиќ со три гола.

Металург сезоната ја продолжува со натпреварот против Бешикташ во Лигата на шампионите, в недела во Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП