25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКарпош Соколи загубија од естонски Калев

Карпош Соколи загубија од естонски Калев

Кошаркарите на Карпош Соколи загубија од естонски Калев 79:87 (18:25, 21:17, 23:16, 17:29) на дебито во Лигата на шампионите која е во организација на ФИБА.

Недоволно добрата игра во почетните и завршните пет минути ги остави кошаркарите на Карпош Соколи без победа, иако во останатиот дел од натпреварот одиграа коректно.

Реновираниот тим на Карпош Соколи, со новиот тренер Борче Даскаловски, во 28.минута имаше предност од девет поени, потоа беше во егал во последните три минути, но со серијата грешки му дозволи на Калев да го заврши мечот со позитива од осум поени.

Засилувањето од ПАОК, Американецот Мекфејден, беше најефикасен во домашниот тим, додека репрезентативецот Николовски уфрли 16 поени.

Реваншот во Естонија ќе се игра на 21 септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП