23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФероинвест излезе од играта за добивање на тендерот на ЕЛЕМ

Фероинвест излезе од играта за добивање на тендерот на ЕЛЕМ

Фирмата „Фероинвест“ на вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, излегува од играта за добивање на тендерот за гумени ленти во РЕК Битола.

Од АД ЕЛЕМ соопштија дека денешната аукција за тендерот завршила делумно успешно.

„Цените коишто учесниците ги понудија во четири од петте одвоени пакети, односно лота, се повисоки од сумата која АД ЕЛЕМ ја имаше планирано во буџетот за нив. Прифатлива е понудата само за еден лот, која што е дадена од ‘Репро-Опрема д.о.о. Београд’“, соопшти ЕЛЕМ.

Од таму велат дека во текот на следната недела компанијата ќе се изјасни за натамошните чекори во врска со овој тендер.

„Според законот, една од можностите е да се прифати понудата за делот од набавката која е во рамките на предвидениот буџет на АД ЕЛЕМ, а за другите четири да се поништи тендерот и да се распише нов“, се вели во соопштението.

Во тој случај, АД ЕЛЕМ веднаш ќе почне процедура за нов тендер, од причини што предметот на оваа набавка, како што се вели во соопштението, е крајно неопходен за да може да тече производството во РЕК Битола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП