20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПристигна и долго најавуваниот ZTE Grand X2

Пристигна и долго најавуваниот ZTE Grand X2

zte-grand-x2

Компанијата „ZTE“ официјално го претстави својот паметен телефон „Grand X2“. Овој модел се одликува со 4.5 инчен HD екран со резолуција од 1280 x 720 како и „Android 4.1 Jelly Bean“ оперативен систем.

Секако следната карактеристика која треба да се истакне кај овој паметен телефон е „Intel Atom Z2580 dual-core“ процесорот со работен такт од 2 GHz на x86.

Новиот водечки телефон на компанијата ZTE ќе има 1 GB RAM меморија, 8 GB интерна меморија, камера од 8 мегапиксели како и батерија од 2000mAh. Камерата нуди 1080p за сликање, како и „rapid-shot mod“ за снимање од 24 фрејма во секунда, а исто така треба да се истакне дека постои камера и на предната страна од телефонот која има 1 мегапиксел.

Според информациите „Grand X2“ на пазарот во Европа би требало да пристигне во третото тромесечие од оваа година, но засега се уште не е позната неговата цена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП