26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУЕФА: По СП, ќе почне Лигата на нациите

УЕФА: По СП, ќе почне Лигата на нациите

По Светското првенство во Русија, Европската фудбалска унија (УЕФА) го подготвува новото натпреварување, Лига на нациите, кое ќе се игра од септември 2018 до јуни 2019 година.

Лигата на нациите ќе брои 55 репрезентации и ќе биде поделена во четири лиги, од која секоја ќе има по четири групи, во кои ќе партиципираат по три или четири репрезентации.

Составот на лигите ќе биде одреден според коефициентот што репрезентациите го имаат на ранг-листата на УЕФА.

Победниците на групите ќе изборат пласман во повисок ранг, а четирите најслаби ќе се преселат ранг подолу. Првопласираните репрезентации од групите во Лига А ќе играат фајналфор.

Секоја најдобра репрезентација што ќе ја освои својата лига, ќе избори директен пласман на Европското првенство во 2020 година.

Ваквиот систем, според УЕФА, ќе биде добра замена за пријателските натпревари бидејќи УЕФА често добива поплаки од националните сојузи дека од пријателските натпревари немаат никаква корист.

Доколку Лигата на нациите би почнала сега, фудбалската репрезентација на Македонија би била во Лига Д, каде што би биле сместени и Литванија, Белорусија, Грузија, Ерменија, Фарските Острови, Луксембург, Латвија, Молдавија, Казахстан, Лихтенштајн, Андора, Малта, Косово, Сан Марино, Гибралтар.

Најсилна би била Лига А со Германија, Португалија, Белгија, Шпанија, Швајцарија, Франција, Англија, Италија, Полска, Хрватска, Исланд и Велс.

Во Лига Б би биле Русија, Северна Ирска, Словачка, Шведска, Холандија, Украина, Босна и Херцеговина, Австрија, Турција, Република Ирска, Данска, Украина.

Во Лига Ц би се натпреварувале Словенија, Албанија, Црна Гора, Србија, Шкотска, Чешка. Романија, Грција, Бугарија. Израел, Норвешка, Кипар, Финска, Естонија, Азербејџан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП