4 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАLG го презентираше новиот Cloud сервис

LG го презентираше новиот Cloud сервис

cloud

„LG Electronics“ го претстави новиот „LG Cloud“ сервис. Оваа услуга им овозможува на сите сопственици на „LG Cinema 3D Smart“ телевизорите по пат на интернет им обезбеди да имаат виртуелен простор за складирање со големина од 5GB.

Благодарејќи на сопствениот „облак“, корисниците освен што ќе можат да чуваат датотеки, фотографии, видеа и музика ќе можат и со неверојатна леснотија да ја стримуваат целата дигитална содржина која ја имаат во телевизорот и тоа без никакво превземање и оптеретување на локалните ресурси.

На сервисот може да му се пристапи со помош на апликација за „Android“ паметните телефони, додека корисниците на „LG Smart“ телевизорите и компјутерите ќе можат тоа да го сторат по пат на онлајн продавницата „LG SmartWorld“, односно по пат на интернет страната на „LG Cloud“.

Тоа што е интересно во врска со овој сервис е и можноста за автоматска синхронизација на содржините.

Покрај тоа оваа услуга ќе им овозможи голема мултимедијална слобода. Користејќи го „LG Cloud“ корисниците ќе имаат можност сами да си одбираат мултимедијални содржини и да имаат неверојатна мобилност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП