3 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕШто се нуди една вила од 100 милиони долари (фото+видео)

Што се нуди една вила од 100 милиони долари (фото+видео)

Неверојатно прекрасна од било кој агол и да ја погледнете… оваа величествена вила е сместена во Бел Ер и сега го бара својот нов сопственик…

За некој да ја нарече свој дом, мора да има минимум 100 милиони долари на својата банкарска сметка. Ова величествено ремек дело на архитектурата е дело на брилијантниот Доналд Болин, кој соработувал со наградуваниот архитект Владимир Елманович за нејзиниот дизајн, создаден од челик, сив мермер и стакло.

Екстравагантниот имот нуди врвен поглед на Bel Air Cоuntry CLub и голф теренот, Centrury City понорама и океанот, додека во исто време ветува и приватност и луксуз, Има шарено LED осветлување, водопад кој се прелева во базен, куглана со две траки и приватно кино со 25 места.

Врвната технологија на оваа вила ви дава прилика да ја изберете светлината, музиката и температурната зона, и сето тоа можете да ги контролирате преку паметен уред од било кој дел од светот. Овој имот на четири нивоа има површина од околу 4.000 квадратни метри, а во него можат да бидат сместени до 1.000 гости или 70 автомобили, па слободно можеме да кажеме дека повеќе не потсетува на врвен хотел отколку на раскошна резиденција.

Што се однесува до просториите, оваа вила нуди врвен атриум, сместен веднаш до собата за уживање во цигарите и приватната винарија. Тука е и пространата трпезарија, огромната ложа за љубителите на врвни пијалоци со мермерен шанк и поглед на тенискиот терен на таванот. Дрвените подови и мермерот, како и сите други луксузни детали придонесуваат со силни луксузни вибрации.

Среќните сопственици на оваа вила ќе можат да уживаат во мастер спалната соба која има површина од 560 квадратни метри, која поседува и два огромни гардеробери, индивидуални бању, тушеви и самостојни кади, а сето тоа е декорирано со високи тавани и детали од мермер. Привилегираните гости и сопственици можат да уживаат и во посетата на спа центарот и салонот за убавина.

Базенот на покривот и барот се исто така нешто што дефинитивно треба да го споменеме, со ТВ сетови, апарати за точење пиво и ладилници за вино. Тука е и огромниот тревен двор со лежалки и прекрасна природа. Дали би платиле 100 милиони долари за ова ремек дело? Погледнете ги фотографиите и видеото…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП