2 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајлуксузната вила во Абу Даби (фото)

Најлуксузната вила во Абу Даби (фото)

Најлуксузната вила во Абу Даби се наоѓа на прекрасниот Zaya Nurai остров, на само 15 минути од цивилизацијата…

Овој шармантен имот има своја приватна плажа и непречен поглед на океанот. Достапен е за купување преку „Sotheby’s “ интернационалната компанија, а има околу 1.800 квадратни метри, неколку простори за уживање на отворено, тушеви на отворено и уште многу нешта. Приватната марина и голф количката ви даваат можност да се движите по својот имот и надвор од него.

Овој имот го развила Надиа Зал, а го дизајнирало њујоршкото студио „Dror“. Таа на своите сопственици им овозможува приватност, додека сепак ќе се чувствуваат како дел од престижната и луксузна заедница. На мала одалеченост од плажата, овој имот нуди и голем базен, шест спални соби, осум бањи, соба за игри, домашно кино и канцеларија, како и сместување за персоналот и куварите во склоп на главната вила.

Ентериерот е декориран така што во својот фокус има драматичен двокатен атриум со поглед на море, додека мермерните подови, вградените плакари и технологијата на паметни домови се комбинација која ветува луксузно искуство.

Оваа вила има и свое џакузи и сауна, пристап до разни луксузни погодности, како фитнес и спа центар. Тука е и хелиодромот, ако во случај не уживате во возењето со чамец или можеби би сакале да со свои очи да доживеете импресивниот поглед на вашиот префинет имот и сето она што го нуди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП