5 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИГД Гранит АД оствари добри финансиски резултати за периодот Јануари - Јуни...

ГД Гранит АД оствари добри финансиски резултати за периодот Јануари – Јуни 2017

ГД Гранит АД за периодот Јануари – Јуни  2017 година оствари позитивни финансиски резулати искажани во консолидираниот Биланс  на успех и оствари добивка од 203.832 илјади денари.

Вкупни приходи

Остварените единечни вкупни приходи во периодот Јануари – Јуни 2017 година изнесуваат 2.270.265 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2016  година бележат пораст од 19 %.

Остварените консолидирани вкупни приходи во периодот Јануари – Јуни 2017 година изнесуваат 2.947.486 илјади ден и во споредба со остварените  во истиот период 2016 година  бележат намалување  за  7 % .

Вкупни расходи

Остварените единечни  вкупни расходи се во износ од  2.176.830 илјади денари,  споредено  со истиот период 2016 година бележат  пораст   од  19 % .

Остварените консолидирани  вкупни расходи се во износ од 2.743.654  илјади денари и во споредба со истиот период 2016 година бележат намалување  за  7 %.

Дивиденда

На 16.06.2017 година на Годишното собрание на акционери  утврдена е бруто дивиденда за 2016 година во износ од  77.566  илјади  денари , односно 28 денари бруто за една акција.

Инвестиции

Вкупните инвестиции во основни средства  во периодот јануари – јуни 2017 година  изнесуваат  133.789 илјади денари.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП