8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБафет стана најголем акционер во Bank of America

Бафет стана најголем акционер во Bank of America

„Berkshire Hathaway“ која е во сопственост на американскиот милијардер Ворен Бафет, официјално стана главен акционер во „Bank of America“ откако го искористи правото на купување на 700 милиони акции од оваа банка со попуст.

Инвестициската компанија на Бафет сега има 6,6 проценти удел во втората најголема американска банка. Акциите ги купи по 7,14 долари, што е значително пониско од 23,58 долари, колку што вчера изнесуваше заклучената цена на овие акции. Вкупно, неговиот удел сега вреди 16,51 милијарди долари.

Бафет ова право го стекна во 2011 година по инвестирањето на 5,0 милијарди долари во оваа банка која тогаш беше во тешкотии поради псоледиците од глобалната финансиска криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП