30 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕИстражете ја луксузната страна на Галапагос (фото)

Истражете ја луксузната страна на Галапагос (фото)

Гордо сместен на само неколу чекори од прекрасната Alemanes плажа, луксузниот Finch Bay Galapagos Hotel ви нуди неверојатна мешавина на раскош, мир и забава…

Овој хотел се наоѓа во живописниот град Puerto Ayora, на јужната обала на Santa Cruz островот во централниот дел на Galapagos. Величествениот архипелаг на вулкански острови секогаш привлекува голем број на луѓе да го посетат, некои поради релаксирачката атмосфера која ја нуди, некои поради желките во различни големини. Хотелот за кој ви зборуваме покрај сјајното природно опкружување ќе ви понуди и базен и ресторан, но и квалитетно време поминато на прекрасниот залив.

Секоја соба и секој апартман кој е дел од понудата на овој хотел е прекрасно декориран и опремен, а содржи бањи и приватни балкони кои ветуваат висечки лежалки и бесконечен поглед кон морето.

Појадокот во овој хотел се сервира на терасата покрај базенот, а нуди интерконтинентално мени, но и специјалитети од азиската и регионалата кујна доколку посакате. Пицата и вкусните залчиња се достапни во хотелскиот бар.

Ако сакате, овде можете да се сончате на плажа или покрај базенот цел ден, но знајте дека на располагање ви се и голем број на активности, како едрење, кајак и нуркање, како и велосипедски тури кои ќе ви помогнат подобро да го запознаете островот. Hotel Finch Bay ќе ви понуди се што ви е потребно за совршен одмор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП