9 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕВеличествен хотел во Кападокија (фото)

Величествен хотел во Кападокија (фото)

Доколку некогаш сте сакале да го откриете магичното место наречено Кападокија, неверојатниот Kelebek Special Cave Hotel е уште една причина поради која морате да ја посетите Турција…

На секој од нас му е потребен одмор, релаксација и забава, а овој неверојатен хотел сместен во срцето на источната населба Goreme, која дефинитивно е идеална почетна точка за истражување на овој дел од светот. Пространите апартмани – пештери со заоблени плафони имаат камини и приватни балкони со поглед на Uchisar и Cavusin.

Апартманите се декорирани со традиционален мебел и рачно изработени материјали, а сите имаат клима, сателитска телевизија и CD, DVD плеер, додека бањите поседуваат мермерни ѕидови и кади.

Традиционалната турска бања и базенот на отворено се дефинитивно еден од најдобрите начини за уживање во летните, високи температури. Покрај тоа, овој хотел има прекрасна сауна, студио за масажа и градина исполнета со цвеќе, како и тераса која ќе ве одведе во вистинско Зен расположение.

Ресторанот кој е дел од овој хотел ќе ви понуди традиционални посластици комбинирани со локалните вина, додека хотелскиот бар е сјајно место за уживање во чашата омилен пијалок.

Во близна на овој хотел се наоѓа Goreme Open Air музејот, додека самиот регион Кападокија ќе ви биде вистинска посластица во која ќе посакате да уживате што подолго.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП