26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСтеван Јоветиќ е новата „десетка“ на Монако

Стеван Јоветиќ е новата „десетка“ на Монако

Стеван Јоветиќ е новата „десетка“ на Монако. Црногорецот на „Луј Втори“ дојде како замена за Килијан Мбапе.

Социјалните мрежи се преплавени од сликите на Јоветиќ во новиот дрес, што е сигнал дека тинејџерот Мбапе ќе го напушти клубот и ќе се пресели во ПСЖ.

Како што пишува „Лекип“, Мбапе во Париз ќе се пресели за сума од 180 милиони евра, но оваа сезона ќе игра како позајмен фудбалер, а потоа ПСЖ ќе мора да го откупи неговиот договор.

Трансферот на Јоветиќ од Интер во Монако изнесува 13 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП