ЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕ

Импозантната вила Kavli на брегот на Санта Барбара (фото)

Овој неспоредлив приватен имот од четири хектари се наоѓа на обалата на Санта Барбара и има беспрекорен поглед на океанот…

Овој имот е како златен трофеј во светот на стилот и елеганцијата, импресивно е дизајниран од страна на наградуваниот архитект Ричард Е. Џонсон.

Тој има тениски терен, базен, прекрасни градини, ексклузивен пристап до градините и феноменалниот двор. Резиденцијата која е во срцето на овој имот има прекрасен поглед на океанот од секоја своја просторија.

Убавината на оваа резиденција е нагласена со најпрефинетите материјали и комбинирана e со топлината на сонцето, високите тавани, стаклените ѕидови, рачно изработениот махагони.

Некои од најпознатите светски официјали лица и научници низ годините престојувале во оваа вила. Таа во моментот е на продажба по цена од 23 милиони долари.