4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi компликува со ознаките: Што значат новите бројки на багажникот?

Audi компликува со ознаките: Што значат новите бројки на багажникот?

Секој нов модел на „Audi“ од сега покрај ознаката за видот на моторот на багажникот ќе има и двоцифрен број кој ќе завршува со нула или петка.

Германскиот производител одлучи дополнително да го закомплицира означувањето на своите автомобили. Досега во „Audi“ на задниот дел на возилото го имаа името на моделот кој главно се состоеше со една буква („A“, „Q“, „S“ или „R“) и едноцифрен број.

Така ќе бидат означени модели од најмалиот хечбек „A1“, до најголемото „SUV“ возило „Q7“, или спортскиот двосед „R8“. Покрај основното име на моделот, позади се наоѓаше и збир на букви кои го означуваа видот на моторот (на пример „TFSI“, „TDI“, „G-Tron“, „E-Tron“).

Сега покрај споменатото, пред ознаката на моторот ќе биде додаден и двоцифрен број кој ќе завршува со нула или петка во распон од 30 дo 70, кој ја дефинира моќта на погонскиот агрегат на автомобилот.

На пример, број „30“ значи дека автомобилот има мотор со моќ помеѓу 110 ks (81 kW) и 130 ks (96 kW), додека, „45“ означува дека погонската единица спаѓа во категоријата на оние помеѓу 230 ks (169 kW) и 252 ks (185 kW).

Најголемиот број, „70“, ќе го имаат моделите чиј агрегат испорачува повеќе од 544 ks (400 kW).

Вака изгледа комплетната листа на ознаки и соодветната моќ на моторот:

30 = 110-130 ks (81-96 kW)

35 = 150-163 ks (110-120 kW)

40 = 170-204 ks (125-150 kW)

45 = 230-252 ks (169-185 kW)

50 = 285-313 ks (210-230 kW)

55 = 333-374 ks (245-275 kW)

60 = 435-462 ks (320-340 kW)

70 = 544+ ks (400+ kW)

Од „Audi“ велат дека овие бројки ги вовеле гледајќи кон иднината. Споредн нивните зборови, со експанзијата на автомобилите со алтернативни погонски системи (хибридни, електрични…), зафатнината на моторот која некогаш им беше важна на купувачите за ориентација, повеќе нема да има многу смисла.

Наместо тоа, ќе биде значајна само вкупната моќ на погонскиот систем (на пример кај хибридите), која се дефинира токму со новиот двоцифрен број на багажникот.

Германскиот производител наведува дека новиот систем на ознаки ќе започне да се применова од наесен, најпрво на новата генерација на моделот „A8“. Првата верзија на овој автомобил кој ќе пристигне на пазарот е опремен со шестцилиндарски мотори и ќе има ознаки „50 TDI“ и „55 TFSI“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП