6 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузен рај - Puente Romano Beach Resort (фото)

Луксузен рај – Puente Romano Beach Resort (фото)

Марбела е еден од најубавите градови во Коста дел Сол, кој се наоѓа на јужниот дел од Шпанија, кој е познат под името Андалузија…

„Puente Romano Beach Resort“ е луксузен рај кој ги користи сите погодности на својата невројатна локација и на своите гости им овозможува се, со цел тие да имаат незаборавен одмор исполнет со уживање.

Овој резорт е дизајниран така што потсетува на андалузиско село, но нормално, многу луксузно. Се состои од 27 вили, при што секоја има три ката и е опкружена од 5.000 квадратни метри прекрасни градини.

Вкупно, сместувањето се состои од 266 соби, апартмани и гранд апартмани. Овој резорт е погоден за семејни одмори, посебно поради клубот за деца каде најмладите можат да уживаат во забавните активности, безбедно и удобно.

И додека децата безбедно се забавуваат, возрасните можат да уживаат во активностите кои се осмислени за нив, од уживање на плажата, преку водените активности, до тенис и голф. Во рамките на овој резорт се наоѓаат и три отворени базени, теретана и велнес центар, како и фасцинантна суптропска ботаничка градина. Кога ќе огладнете на располагање имате седум ресторани. По сето ова, тука е и природното опкружување на Коста дел Сол, кое чека да биде истражено…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП