29 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКонечно: Samsung го претстави Galaxy Note 8 (фото+видео)

Конечно: Samsung го претстави Galaxy Note 8 (фото+видео)

По толку големо исчекување, „Samsung“ официјално ја започна својата смартфон сезона претставувајќи го „Galaxy Note 8“.

Во последните неколку недели, имаше многу информации за хардверот на „Note 8“, при што беа откриени детали за системот на двојни камери, дизајнот во стилот на „S8“ со „Infinity“ екран без рабови, и нормално, враќањето на „S Pen“.

И додека „S8 Plus“ има голем екран од 6,2 инчи, од „Note 8“ се очекува да понуди други и поголем екран од 6,3 инчи, за кои кои баш сакаат поголеми и подобри.

На „Galaxy Unpacked“ настанот, организиран за овој повод, шефот за комуникација во „Samsung“, Д.Џ.Кох говореше за историјата на „Note“ линијата.

По тоа беше прикажано воведното видео со тоа колку „Nоte“ телефоните се омилени и како фановите на „Samsung“ останаа со компанијата и покрај дебаклот со батеријата на „Note 7“.

„Никој од нас нема да може да заборави што се случи минатата година, знам дека јас нема. Но исто така никогаш нема да ги заборавиме милиони лојални корисници на „Note“ телефоните кои останаа со нас“, рече Кох.

„Големите телефони се дефиниција за иднината на мобилната технологија“, додаде Кох опишувајќи го екрано на новиот телефон кој нетрпеливо се очекува на пазарот.

Од „Samsung“ секогаш говореа дека линијата „Note“ била плодно тло за иновации.

„Note 8“ е значаен производ за „Samsung“ не само како водечки производ за есенска сезона, туку и поради враќањето на брендот „Note“ на пазарот по проблемите со „Note 7“.

Кох објасни за кого е дизајниран телефонот „Note“. Toа се мултитаскери, на кои им е потребен голем телефон и бара врвни перформанси.

„Note 8“ има ист „Infinity Display“ кој „Samsung“ го воведе на своите „Galaxy 8“ телефони. Покривајќи го телефонот од раб до раб, речиси целата предна површина на „Note 8“. Стаклото од 6,3 инчи е заоблено на страната, е направено за „S Pen“. Го има истиот однос 18.5:9 на страните како и кај „Galaxy S8“ и „S8+“.

Премиум „Samsung“ телефоните од линијата „Note“ секогаш биле скапи, но најновата верзија „Galaxy Note 8“ ќе биде најскапиот мобилен уред на оваа јужнокорејска компанија. Ќе чини повеќе од 900 американски долари, а на пазарот ќе пристигне на 15-ти септември оваа година.

„Samsung“ му воведува на корисникот можност на двојна камера на „Note 8“. Почнува со споредба со „IPhone 7“, сугестирајќи дека „Note 8“ ќе нуди супериорна стабилизација на сликата во однос на ривалот од „Apple“.

„Note 8“ исто така има „Dual Capture“ функција, која уште повеќе ги изразува ефектите на длабочината, и со која корисниците на „Note 8“ ќе можат да ја фокусираат сликата во реално време.

Директорката за производна стратегија во „Samsung“, Сузан де Силва, ја демонстрираше можноста на „S Pen“, една од главните карактеристики на телефонот „Note 8“.

„S Pen“ им овозможува на корисниците да запишат и до 100 страни белешки на телефонот, дури и кога екранот е исклучен. Корисниците на овој начин ќе можат и да сликаат, затоа што „Samsung“ нуди своја апликација со „Note 8“ телефоните со „S Pen“.

Со „S-pen“ исто така ќе може да означувате текст и да го преведете во различни јазици.

Исто така, „S Pen“ ќе може да се користи во апликациите за пораки, каде што може да се креираат сликички и гифови кои може да се испраќаат на пријателите.

„Samsung“ потврди дека „Note 8“ ќе се појави во продавниците на 15-ти септември, а додека нарачките може да се добиваат за неколку дена.

Со нив следуваат и слушалките „Harmon“ кој одговараат на стандарден приклучок.

Повеќе детали може да се пронајдат во видео снимки за конференциј асо конференцијата која следи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП