9 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЗа две недели продадени 6 милиони примероци на Galaxy S4

За две недели продадени 6 милиони примероци на Galaxy S4

13.03.14-Galaxy_S4

Никогаш не беше поставено прашањето дали „Samsung Galaxy S4“ ќе постигне успех на пазарот. Тоа што беше непознато дали овој телефон ќе успее да го престигне рекордот на својот претходник.

Јужнокорејската компанија успеа до минатиот петок да испорача преку шест милиони „Galaxy S4“ паметни телефони и тоа само за две недели откако го лансираа уредот. Најголемиот број на паметни телефони е продаден во првите четири дена (четири милиони примероци). Целта на „Samsung“ е во текот на првиот месец да продаде или до крајот на мај испорача 10 милиони уреди на „Galaxy S4“. Доколку продажбата продолжи со ова темпо таа цел секако ќе биде достигната.

Досегашните резултати ги надминаа сите претходни продажби на компанијата, „Samsung Galaxy S III“ се продаде во три милиони примероци за 21 ден, а пак на моделот „Galaxy S II“ му беа потребни 55 дена за да дојде до тој резултат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП