25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Грција нема плаќање без фискална сметка

Во Грција нема плаќање без фискална сметка

gr1

Сопствениците на продавници во Грција бурно реагираа на новата мерка на Владата, која на купувачите им дозволува да не ја платат избраната стока или услуга, доколку не добијат фискална сметка.

Владата се надева дека со новата мерка ќе успее да го реши проблемот со даночното затајување, пренесуваат медиумите од Атина.

Новите правила во Грција стапија на сила за време на викендот. Правилото ги обврзува трговците, да истакнат натписи на грчки и англиски јазик, со кои ќе ги информираат потрошувачите дека имаат право да не ја платат сметката, доколку не добијат фискална сметка.

Доколу трговците не го истакнат натписот, законот предвидува парична казна од 1.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП