30 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕМини Ferrari - најскапата играчка на светот (фото)

Мини Ferrari – најскапата играчка на светот (фото)

Кога бевме деца, идејата за совршена играчка веројатно била некое плишано мече или макета од автомобил…

Дали некогаш сте помислиле дека тие макети од автомобили би можеле некогаш да бидат претворени во спортски автомобили за деца со функционални мотори? Па ако не сте помислиле, Riddelsdell’s Garage ќе ве натера да размислите за таа можност, кога ќе ја видите новата детска верзија на Ferrari 512 Testarossa моделот.

Ова автомобилче е во потполност функционално и опремено е со мотор од косилка. Секако, не достигнува брзина на спортски автомобил, но е сосема брз да го забавува секое дете. Иако е наменет за деца, овој автомобил има цена која ќе ве потсети дека во прашање е Ferrari – може да се купи по цена од 97.000 долари.

Хауард Вотс, кој управува со Riddelsdell’s Garage рече: „Ова е вистински мини класик, единствен мал автомобил со сјајна историја – неговите творци мораа да добијат дозвола од Ferrari брендот пред да го состават. Беше во лоша состојба, и ни беа потребни години да ги набавиме сите делови за да можеме да му ја вратиме старата слава. Иако е окарактеризиран како играчка, тој е направен со многу внимание посветено на деталите, какво што посветуваме на вистинските спортски автомобили“.

Автомобилчето има школка од фиберглас со функционални врати, хауба и багажник. Тука е бензискиот мотор, pop-up фаровите, мерач за брзина и ротации во минута, кожен ентериер и официјален Ferrari волан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП