24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Џонсон и Џонсон“ на жена болна од рак треба да и плати...

„Џонсон и Џонсон“ на жена болна од рак треба да и плати 417 милиони долари отштета

Судот во Лос Анџелес ѝ нареди на компанијата „Џонсон и Џонсон“ да исплати 417 милиони долари на жена болна од рак, која успеала да докаже дека се разболела поради користење бебешка пудра од компанијата.

Тужбата ја поднела Ева Ечеверија од Калифорнија, која тврди дека компанијата не предупредила на адекватен начин за потенцијален ризик од рак со користење на талк-пудрата, пренесе АП.

Нејзиниот адвокат изјавил дека неговата клиентка умира и дека само сакала да им помогне на другите жени во земјата кои се разболеле од рак на јајниците бидејќи со години користеле таква пудра на „Џонсон и Џонсон“.

Претходно во Сент Луис во слични тужби изречени се четири повеќемилионски пресуди против компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП