
Зошто поминуваш среде улица, а не на пешачки?! – Затоа што сите така прават!


Зошто поминуваш среде улица, а не на пешачки?! – Затоа што сите така прават!
Зошто не ги изми садовите во канцеларија?! – Затоа што сите така прават!
Зошто го фрлаш сметот на улица, а не во канта?! – Затоа што сите така прават!
Зошто не го пополни документот на работа?! – Затоа што сите така прават!
Зошто не ја заврши таа активност?! – Затоа што сите така прават!
Зошто во банка се туркаш преку ред?! – Затоа што сите така прават!
Зошто не застануваш на пешачки?! – Затоа што сите така прават!
Зошто не го собра изметот од кучето?! – Затоа што сите така прават!
Зошто земаш мито?! – Затоа што сите така прават!
Зошто не го раскренеш бирото?! – Затоа што сите така прават!
Затоа што сите така прават! – најлесниот изговор или правило зад кое се кријат голем број оправдувања.
Сум бил во ситуација кога нешто нема да се заврши како што треба, од мене или од некој друг, и да си дадеме одговор или изговор дека – така прават сите. Ова го правиме бидејќи ни е полесно, не мрзи, не ни се троши енергија и време, не сме свесни за последиците (мала одговорност), се срамиме да бидеме различни од другите (прифатени од другите), зошто сме лесно поводливи или помалку морални, т.е. дека сме големи конформисти.
Нашиот мозокот е мрзелив. Секогаш ќе го бара полесниот пат и начин како да направи нешто. Ние го користиме овој изговор, бидејќи некогаш за да ги направиме работите како што треба, ќе ни бидат потребни повеќе време, пари, енергија или менување на нашите принципи, ставови и навики. Некои истражувачи велат, ако видиме некое дрво со јаболка ние ќе решиме да ги собираме оние што се најдолу, најлесно достапните. Дури и ако видиме дека тие што се погоре се подобри, нашиот мозок ќе најде изговор дека сепак изборот ќе биде лош, ако посегнеме по нив. Или, доколку ни е тешка некоја работата/активност, наместо да си кажеме „тешко е, но учам или вреди да се трудам повеќе”, нас полесно ќе ни биде да решиме да се откажеме.
Што е потребно да направиме и имаме на ум со цел да го намалиме користењето на овој изговорот:
Тешко е да смениме нешто радикално во однос на ова правило на макро ниво, но она што може да направиме е да се смениме себеси во однос на тоа, да се криеме што помалку зад овој изговор.
Немојте да бидете како другите, бидете како третите, четвртите или петтите!
Со успех во промените,
Петар Лазаров
Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг