12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКој прв ќе стигне до 1 илјада милијарди долари - Apple или...

Кој прв ќе стигне до 1 илјада милијарди долари – Apple или Amazon?

„Apple“ е на пат да стане првата компанија која ќе достигне оценка од 1 илјада милијарди долари. Тоа се наведува во анализата на „RBC Capital“, објавена вчера.

Компанијата додава 60 милијарди долари кон пазарната проценка, откако минатата недела ги објави оптимистичките очекувања за третиот квартал на годината. Во средината на следниот месец „Apple“ се очекува да го претстави новиот модел на „iPhone“.

Ова ќе се совпадне со 10-годишнината од претставувањето на првиот „iPhone“ од Стив Џобс на 9-ти јануари 2007-ма година и неговото ставање во промет на 29-ти јуни истата година.

Според аналитичарите на „RBC“, акциите на „Apple“ додаваат во просек низ годините по 15,6% во периодот од 90 дена пред прогласувањето на свој нов модел паметен телефон. Подобрувањето на продажбата во Кина, исто така може да влијае на цената на акцијата во следните месеци, сметаат од „RBC“.

Аналитичарите поставуваат таргет од 176 долари за готовина, наспроти 161.06 долари на крајот на вчерашната сесија на акции.

За овој (за компанијата четврт квартал од годината) квартал „Apple“ предвидува продажба во опсег од 49 до 52 милијарди долари наспроти очекуваните од аналитичарите 49.2 милијарди долари.

Од почетокот на годината акциите на „Apple“ додаваат 39.06% на својата вредност.

Дали сепак „Apple“ ќе е првата компанија која ќе ја мине психолошката граница од 1 илјади милијарди долари?

Според професор Аниндија Гос од „Stern School of Business“, „Amazon“ ќе успее да стигне до таму прв.

Последната оценка на гигантот во онлајн трговијата покажуваат пазарна капитализација од 476 милијарди долари. За да се случи тоа, ќе е потребен раст од 110.1% на акциите. Компанијата неодамна објави раст на приходите од 25% за последниот квартал, но веб услугите предвидоа зголемување од 55 отсто.

Неодамна компанијата ја купи „Whole Foods“ за сума од 13,7 милијарди долари, со што во моментов се справува подобро од „Apple“ при трошењето на слободните парични средства. Токму „кешот“ е можеби главниот проблем во моментов за наследникот на Стив Џобс – Тим Кук.

По последните податоци „Apple“ има 261 милијарди долари, кои при нивното правилно инвестирање, компанијата може да се претвори во технолошка варијанта на компанијата на Ворен Бафет, „Berkshire Hathaway“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП