3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на холандската банка ABN Amro ги надмина очекувањата

Профитот на холандската банка ABN Amro ги надмина очекувањата

Холандската банка „ABN Amro“ забележа поголем од очекуваниот раст – 45%, на нето базниот профит за вториот квартал поддржан од зголемените заеми и пониските трошоци, соопштува „Ројтерс“.

Нето базниот профит од 960 милиони евра сериозно ја надминува просечната прогноза за 750 милиони долари на аналитичарите анкетирани од банката, како и профит од една година порано во износ од 662 милиони евра.

„Основниот тренд во вториот квартал во целина беше позитивен и поддржан од долгиот раст на холандската економија“, вели извршниот директор Кеес ван Дајкхаузе во соопштението.

Профитот е поддржан од приходи за 200 милиони евра од продажбата на бизнисот со приватно банкарство во Азија. Бидејќи речиси 50% од кредитите на банката се поврзани со пазарот на недвижности, „ABN“ освоила и од силниот раст на пазарот на домување во Холандија.

Заедно со подобрување на состојбата на корпоративните клиенти, тоа помогнало на најголемиот локален кредитор во Холандија да ослободи 96 милиони евра од претходно издвоените резерви за лоши заеми.

Откако се наметна банката да биде спасена од државата во 2008-ма година, „ABN“ го насочи својот фокус на операциите и активностите на холандскиот пазар, скратување на илјадници работни места во меѓувреме.

Во првата половина на годината овие мерки и помогна на банката да го намали соодносот на трошоците за добивка до 57.4% во однос на 61,8% една година порано.

„ABN“ продолжува да ги одржува високи нивоа на капитал, додека чека нови правила од Базелскиот комитет на банкарските регулатори на ризикот на имот. Односот на основниот капитал од прв ред е на ниво од 17,6% од прилагодените спрема ризикот средства кон крајот на јуни во однос на 17% до крајот на 2016-та година.

Банката соопшти дека ќе донесе одлука по капиталната позиција во првиот квартал на 2018-та година, ако оваа година регулаторите не постигнат договор за новите правила, познати како „Базел IV“.

„ABN Amro“ беше повторно приватизирана во 2015-та година, но холандската држава се уште поседува 63% од нејзините акции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП