5 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМиливоје Јанковски и Венера Крлиу-Ханџиски добитници на наградата „Мајка Тереза“

Миливоје Јанковски и Венера Крлиу-Ханџиски добитници на наградата „Мајка Тереза“

Државната награда „Мајка Тереза“ за 2017 година ќе им биде доделена на Миливоје Јанковски и на Венера Крлиу – Ханџиски, соопшти Министерството за култура.

Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза”, на денешната седница донесе одлука за доделување на државната награда „Мајка Тереза” за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

„За остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери, државната награда им се доделува на: Миливоје Јанковски и проф. д-р Венера Крлиу – Ханџиски“, соопшти Министерството за култура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП