4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНЛБ Банка АД Скопје со одлични резултати за првото полугодие од 2017...

НЛБ Банка АД Скопје со одлични резултати за првото полугодие од 2017 година

Во периодот од 01.01.2017 година до 30.06.2017 година НЛБ Банка АД Скопје работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2017-та година, прилагодувајќи го тековното работење на економските и пазарните услови во земјата. Банката, во првиот квартал од 2017-та година ги оствари сите планирани оперативни и финансиски цели, при што зачувана е високата ликвидност, стабилност и солвентност на Банката.

Нето добивката на Банката заклучно со 30.06.2017 година изнесува 929.740 илјади МКД и е повисока за 61,5% во однос на истиот период од 2016 година.

Нето каматните приходи, заклучно со 30.06.2017 година се повисоки за 6,7% споредено со истиот период од претходната година, при што приходите од камати се пониски за 1,1%, главно поради пониска состојба на кредити од нефинансиски правни лица, додека расходите по камати се пониски за 24,7%.

Нето приходите од провизии се повисоки за 4,8%, при што приходите од провизии се зголемени за 7,7% како резултат на остварен пораст во доменот на картичното работење (зголемен број на трансакции на ПОС терминали), повисоки приходи од платен промет во земјата, повисоки приходи од зголемениот број на корисници на трансакциски сметки, електронско банкарство и лично банкарство, како и повисоки приходи од провизии од продажба на полиси. Расходите за провизии се повисоки за 14,0%, главно поради повисоки расходи од провизии за меѓубанкарско порамнување од картично работење при зголемен промет со картички и повисоки расходи за денарски и девизен платен промет.

Останатите некаматни приходи изнесуваат 134.094 илјади МКД и се пониски за 16,5% во однос на истиот период претходната година.

Вкупните приходи од работење изнесуваат 2.040.467 илјади МКД и се повисоки за 4,3% во однос на истиот период претходната година.

Вкупните оперативни трошоци изнесуваат 886.427 илјади МКД и се пониски за 12,6% во однос на истиот период претходната година. Трошоците за вработени се пониски за 1,4%, трошоците за амортизација се повисоки за 15,4% поради инвестиции во софтверски решенија за модернизација и надградување на процесите во Банката во изминатата година, додека останатите расходи од дејност се пониски за 24,2% во однос на истиот период од претходната година.

Заклучно со 30.06.2017 година, беа издвоени Исправки на вредноста на финансиските средства, во износ од 102.677 илјади МКД, што е помалку за 62,9% споредено со истиот период од претходната година, што соодветствува на структурата и на квалитетот на пласманите на Банката. Исправките на вредност на нефинансиски средства изнесуваа 35.723 илјади МКД и се пониски за 11,0% во однос на истиот период 2016, поради помали трошоци за оштетувања на нефинансиските средства во 2017 година.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП