28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомпанијата на Бафет - Berkshire Hathaway забележа пад на профитот во вториот...

Компанијата на Бафет – Berkshire Hathaway забележа пад на профитот во вториот квартал

Американската компанија „Berkshire Hathaway“, со која управува Ворен Бафет, објави пад на профитот од 15 проценти во вториот квартал, со оглед дека ниските добивки од инвестициите и загубата од работењето со преземањето на ризик во осигурувањето (insurance underwriting) ги неутрализираа подобрените ефекти во патниот бизнис (BNSF).

Оперативниот профит исто така незначително падна во однос на предвидувањата на аналитичарите, иако „Berkshire Hathaway“ поголемиот дел од падот го препиша на курсните разлики и сметководствените ефекти за главниот договор за осигурителот AIG.

Нето добивката на компанијата падна на 4,26 милијарди американски долари во однос на пет милијарди долари лани, додека оперативниот профит падна за 11 проценти на 4,12 милијарди долари, односно 2,505 долари по акција од класата А.

Аналитичарите очекуваа оперативен профит од 2,791 долари по акција. Сметководствената вредност на акциите, која Бафет ја смета за најдобра мерка за растот, скокна за 2,7 проценти од крајот на март на 182,816 долари. Акциите на „Berkshire Hathaway“ во петокот достигнаа нов историски максимум, завршувајќи го тргувањето на ниво од 270.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП