3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDanone ја купува компанијата Happy Family

Danone ја купува компанијата Happy Family

danone1

Француската компанија „Danone“, еден од светските лидери за производство во прехрамбената индустрија, објави дека ќе купи 90 проценти од акциите на американската компанија „Happy Family“.

„Happy Family“ e четвртиот производител на храната за бебиња во САД, со исклучок на млекото, пренесуваат странските медиуми.

Оваа американска компанија држи четири проценти од пазарот во Америка и остварува повеќе од 60 милиони приход годишно. Компанијата „Danone“ предвидува значителен раст за 2013 година.

Од компанијата велат дека во моментов го анализираат пазарот, ги анализираат побарувањата на купувачите и размислуваат да воведат нова палета на производи во своето производство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП