12 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузниот хотел во Богота кој ќе ве остави без здив (фото)

Луксузниот хотел во Богота кој ќе ве остави без здив (фото)

Бидејќи планирањето за некое патувањето само со себе носи малку тензија, еве ви водич кој ќе ви помогне да го одберете местото кое е најдобро за вас…

„Клик-Клак“ хотелот во Богота, Колумбија, е дефинитивно место кое треба да го имате во предвид како ваша следна дестинација. Покрај уживањето во богатото и динамично јужноамериканско наследство, кое се меша со модерниот животен стил, гостите во овој луксузен хотел имаат можност да уживаат во уникатната гостопримливост и фантастичниот модерен дизајн.

Дизајниран од страна на „B Arquitectos“ во соработка со „Perceptual Studio“, овој фантастичен хотел во Богота ги дочекува своите гости со непредвидлива комбинација на ентериери.

Пријателски настроен и со свој уникатен стил, овој хотел вам ви овозможува да се фокусирате на сите аспекти на оваа земја, а сето тоа со најмодерните погодности кои еден луксузен хотел треба да ги нуди.

Со својата импресивна фасада, која прави контраст со стакла и метали, овој хотел претставува современ дизајн кој продолжува и во неговиот ентериер. Удобната атмосфера ви нуди се што е модерно за еден светски патник. Звучи примамливо зар не?

ot2

ot3

ot4

ot5

ot6

ot7

ot8

ot9

ot10

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП