3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRolls-Royce го претстави најлуксузниот автомобил на планетата (фото+видео)

Rolls-Royce го претстави најлуксузниот автомобил на планетата (фото+видео)

Компанија „Rolls-Royce Motor Cars“ официјално ја претстави осмото генерација на предводникот „Rolls-Royce Phantom“, кој ќе треба да ја врати титулата „Најдобар луксузен автомобил на планетата“.

Претставник на производителот изјави дека седанот обезбедува нови нивоа на елеганција и луксуз. Во основата на модификација „Mk8“ е создадена специјално за него алуминиумска шасија „Architecture of Luxury“ што е многу флексибилна и може да се користи за различни димензии на автомобили, но и за различни мотори и погонски системи.

Генерално платформата на новиот „Rolls-Royce Phantom“ е со 30% поцврста од онаа на неговиот претходник. Тоа ќе биде во основата на сите идни модели на британската марка, вклучувајќи ги „Ghost“, „Wraith“ и „Dawn“, а како и за „Project Cullinan“, кој ќе биде прв теренец во историјата на британската марка.

Во опремата на седанот од осмото генерација влегува исто адаптивна воздушна амортизација што прави милиони пресметки во секунда и веднаш реагира на промените во управувањето и при забрзување. Тоа е создадено за да им понуди на клиентите „восхит при нивоата на контрола“ на возилото.

Новата генерација на лимузината исто така се позиционира и како „најтивкиот автомобил во светот“. За таа цел инженерите користеле повеќе од 130 кг. специјален материјал за изолација, а исто така поставиле во каросеријата специјално 6-милиметарски лак. Седанот добил и специјално развиени гуми „Silent-Seal“ со дополнителен слој пена, нивелирање на бучавата од шарите.

Автомобилот ќе се нуди во две варијанти – „Rolls-Royce Phantom“ и „Rolls-Royce Phantom EWB“. Во стандардната опрема на лимузината влегуваат систем кружен преглед и ноќно гледање, адаптивен круз-контрол, проекциски дисплеј, функција за предупредување за опасност од судир со можност за препознавање на пешаци, систем за одржување на лентата на движење, „Wi-Fi“ и мултимедијален комплекс со навигација.

Погонот на седанот е доверен на модернизиран „V12“ твин-турбо мотор со зафатнина од 6,75 литри. Моќноста на моторот е 571 КС, а максималниот вртежен момент достигнува 900 Nm. Менувачот е 8-брзински автоматски „ZF“, која работи со многу од системите на возилото, вклучувајќи и со сателитска навигација.

Првите клиенти ќе ги добијат своите автомобили на почетокот на следната година. Цените на осмата генерација на „Phathom“ стартуваат од 400.000 британски фунти – околу 520.000 американски долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП