17 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИTelefonica ја зголемува целта на приходите за 2017-та

Telefonica ја зголемува целта на приходите за 2017-та

Шпанската телекомуникациска компанија „Telefonica“ ја зголеми целта за приходите за 2017-та година, откако нејзините финансиски резултати во вториот квартал ги надмина прогнозите на аналитичарите, потпомогнати од развојот на латиноамериканскиот бизнис, кој ја компензира трајната слабост во Шпанија.

Сега компанијата очекува нејзините приходи од продажбата да се зголемат за најмалку 1,5% на годишна основа, во споредба со претходните очекувања за нулта раст. Целта на концернот е да ја зголеми основната профитна маргина со 1 процентен поен.

Во вториот квартал приходите се зголемиле за 1,9% до 12,96 милијарди евра, над прогнозата од 12,90 милиони евра, а главниот оперативен профит пред даноци, одбивања и амортизација (OIBDA) се зголемил за 6,1% до 4,16 милијарди евра во споредба со очекуваните од аналитичарите 4,02 милијарди евра.

Доброто претставување главно се должи на 23 процентниот скок на профитот на единица во Бразил, поттикнат од силната локална валута која го компензира падот од 1,6% во Шпанија и 5-процентното намалување во Велика Британија, каде што слабата фунта се одрази лошо на локалната единица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП