17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРаководството на Deutsche Bank уште не е задоволно од финансиските резултати

Раководството на Deutsche Bank уште не е задоволно од финансиските резултати

Финансиските резултати за вториот квартал од 2017-та година на „Deutsche Bank“ се подобри, но се уште не го задоволуваат нејзиното раководството. Ова станува јасно од зборовите на извршниот директор на доверителот Џон Крајан, цитиран од „CNBC“.

Во периодот април – јуни банката оствари нето профит од 466 милиони евра, што е значително повеќе од пазарните очекувања. Аналитичарите интервјуирани од „Thomson Reuters“, очекуваа профит од 273 милиони евра.

Во позадина на ова, сепак приходите се помалку од очекуваните – 6,6 милијарди евра, наспроти прогнозата за 7,21 милијарди евра.

Џон Крајан забележува дека банката се наоѓа во подобра позиција во однос на минатата година. „Имаме добар напредок за намалување на трошоците и продолжуваме да привлекуваме „Cashflow“ од нашите клиенти“, вели тој.

Шефот го објаснува падот на приходите – со 10% на годишна основа, со негативното влијание од затегнувањето на сопствениот долг и од загубите од продажбите на некои бизниси.

Генерално, сепак расположението за целата 2017-та година останува позитивно, особено со оглед на подобрување на економската ситуација во Европа. Приходите сепак остануваат под притисок поради слабата активност на клиентите и ниските каматни стапки во еврозоната.

„CNBC“ потсетува дека „Deutsche Bank“ се соочуваше со уште еден предизвик во почетокот на годината – да плати казна од 7,2 милијарди долари поради истрагата на американското Министерство за правда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП