26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБорусија Дортмунд: Обамејанг не е на продажба

Борусија Дортмунд: Обамејанг не е на продажба

Борусија Дортмунд го известила напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг дека нема да биде продаден во летниот преоден рок, пренесоа германските медиуми.

Интерес за Обамејанг покажуваа неколку европски клубови, меѓу кои Челзи, Милан и ПСЖ. Раководството на клубот определило рок до кога Габонецот треба да реши дали ќе го напушти клубот, а откако тој не се изјаснил, Борусија извести дека тој нема да биде продаден.

„Сметаме дека преодниот рок е завршен. Тајмингот на крајот беше одлучувачки“, рекол спортскиот директор на Борусија, Михаел Цорк, за магазинот „Кикер“.

Обамејанг минатата сезона беше најдобар стрелц во Бундес лигата. Тој на 32 натпревари постигна 31 гол.

Напаѓачот во вторникот постигна два гола за Борусија во пријателскиот натпревар со Милан (3:1).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП