23 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИBank of America со повисок од очекувањата профит за вториот квартал

Bank of America со повисок од очекувањата профит за вториот квартал

„Bank of America“, втората по големина американска банка по големина на средствата оствари повисока од очекуваната добивка во вториот квартал на 2017-та година, соопштува „Ројтерс“. Во три од нејзините главни единици приходите растат и го надоместија падот во трговијата.

Најголемата бизнис единица – корисничкото банкарство – забележа најголемо зголемување на профитот и приходите во периодот април-јуни.

Единственото разочарување доаѓа од бизнисот на глобалните пазари и тоа се одразува на пошироката слабост во трговијата со обврзници, со која се судрија голем број банки во вториот квартал.

„Во услови на скромен економски раст од околу 2% го имавме еден од најсилните квартали во нашата историја. Сите наши бизнис сектори донесоа добри резултати, а некои од нив поставија нови рекорди“, коментира извршниот директор Брајан Моинихан.

„Bank of America“, која се смета за чувствителнa при промените во каматните стапки, искористувањето на мерките на Федералните резерви на САД за затегнување на монетарната политика. ФЕД ги зголеми каматите во јуни, што беше второто покачување во оваа година.

Нето добивката од камати расте со 8,6% до 10,99 милијарди долари во вториот квартал

Приходите изнесуваат 23,07 милијарди долари и ги надминуваат очекувањата за вредност од 21,78 милијарди долари.

Нето добивката расте со 11% до 4,91 милијарди долари. Добивката по акција изнесува 46 центи, исто над прогнозите за 43 центи по акција.

Трошоците со исклучок на камати растат со 1,7% до 13,73 милијарди долари. „Bank of America“ беше предупредила дека трошоците ќе бидат повисоки во вториот квартал, но се уште се прави добро во спроведувањето на планот за скратување на оперативните трошоци до 53 милијарди долари во 2018-та година. Во 2016-та година тие беа 55 милијарди долари.

Соодносот трошоци кон приходи е околу 60% во периодот април-јуни, а во истиот квартал минатата година овој коефициент беше близу 63%.

Од почетокот на годината акциите на „Bank of America“ поскапеле за 8,4%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП