28 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузен одмор на Бали - Samabe Bali Suites & Villas (фото)

Луксузен одмор на Бали – Samabe Bali Suites & Villas (фото)

Сместен на карпите на јужниот дел на Нуса Дуе, со поглед на прекрасните бели песочни плажи и тиркизната вода, „Samabe Bali Suites & Villas“ е рај на земјата…

Убавината на овој ресорт е навистина како од рајот, а беспрекорно луксузните услуги само го зајакнуваат тоа чувство. Овој ресорт се простира на осум хектари чист рај и се наоѓа на само половина час оддалеченост од интернационалниот аеродром во Бали. Кога пристигнуваат, гостите имаат опција да изберат помеѓу 39 луксузни апартмани, 7 „penthouse“ вили и 35 слободни вили, а сите нудат прекрасен поглед на Тихиот океан.

Опциите за избор на ресторани и барови се многу големи, почнувајќи од луксузниот „Rempah Rempah“ ресторан, „Crystal Blue Ocean“ ресторанот со прекрасен поглед, па до малку порелаксирачкиот „Ring of Fire Pool“ барот и „T.e.J.a.Co Lounge & Bar“ барот. Доколку сакате малку поинтимно искуство, опцијата за вечера во вашиот апартман е исто така достапна, како и организација на вечера во некои од прекрасните места на отворено, кои овде ги има во изобилие.

Не можете да имате одмор во рајот, а да не се почестите еден феноменален спа третман. Доколку уживате во тоа, тука е „Galangal“ спа центарот кој е во склоп на овој ресорт. Покрај двете соби за третмани, овој спа центар има и када на отворено исполнета со цветови, каде морскиот ветер, мирисот на прекрасни ароматични стапчиња и свеќи, ќе ве одведе на сосема друго место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП