23 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИCitigroup ги надмина очекувањата со приходи од 17,9 милијарди долари

Citigroup ги надмина очекувањата со приходи од 17,9 милијарди долари

Американската банка „Citigroup“ ги надмина очекувањата на „Wall Street“ со раст и на приходите, и на добивката по акција за вториот квартал.

Објавувајќи „широко базиран последователен раст на кредитите во различни региони и производи“, „Citi“ наведува дека нејзините приходи растат со 2% до 17,9 милијарди долари.

Нето добивката падна за 3% до 3,87 милијарди долари, но останува во согласност со предвидувањата, а неодамнешниот откуп на акции го зголемува профитот на акција со 3% до 1,28 долари.

Огромниот бизнис на „Citi“ за трговија со фиксен принос ги издржа стравувањата за стрмен пад, бидејќи приходите на банката по оваа ставка се намалува за едвај со 6%. Тоа е доста подобро во споредба со повеќето конкуренти, вклучувајќи го „JPMorgan Chase“. Приходите од трговијата со акции се со 11% надолу.

Овие падови се компензираат од раст на други бизниси, вклучувајќи ги комерцијалните решенија и приватното банкарство.

Акциите на „Citi“ се претстави добро откако банката успешно помина низ стрес тестовите на Федералните резерви во јуни, освојувајќи го одобрувањето на планот за враќање на 18,9 милијарди долари кон инвеститорите во оваа година преку повисоки дивиденди и откуп.

Доверителот изјави дека е генериран регулаторен капитал за 4,7 милијарди долари и вратил 2,2 милијарди долари на акционерите во вториот квартал. Ветувањето за враќање за огромен капитал ги поддржа акциите кои се претставуваат најдобро во однос на другите големи американски банки од почетокот на оваа година.

Во позадината на зголемените стравувања околу зголемен стечај по кредитите во некои сфери на финансискиот систем нето кредитните загуби на „Citi“ се зголемуваат со 6% до 1,7 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП