29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТимот од „Градски парк“ ќе биде носител во ФИБА Европа купот

Тимот од „Градски парк“ ќе биде носител во ФИБА Европа купот

ФИБА Европа потврди дека кошаркарскиот клуб Работнички ќе биде во привилегирана положба, односно ќе биде меѓу носителите во првото квалификациско коло ФИБА Европа купот. Работнички е единствениот македонски клуб кој се пријави за учество во ова натпреварување на ФИБА Европа.

Во првата квалификациска рунда се сместени 22 клубови од кои точно половина ќе им се приружат на деветте кои ги чекаат во втората квалификациска рунда (Q2). Во втората квалификациска рунда ќе бидат формирани 10 парови.

Победниците од овие 10 двојки ќе обезбедат пласман во регуларниот дел од ФИБА Европа купот.

Нив ќе им се приклучат и 22 екипи кои нема да обезбедат пласман во регуларниот дел од Лигата на шампиони на ФИБА. Првиот натпревар Работнички ќе го одигра на 20 септември на гостински терен, додека реваншот на домашен терен ќе се одигра седум дена подоцна.

Натпреварите од втората квалификациска рунда ќе бидат одиграни на 4 октомври, односно на 11 октомври.

Ждрепката за паровите од квалификациските рунди ќе биде одржана во Минхен, но датумот дополнително ќе биде одреден.

Покрај Работнички, носители во првото квалификациско коло ќе бидат: Белфиус Монс-Хаино (Белгија), Рилски Спортист (Бугарија), Пардубице (Чешка), Тарту (Естонија), Егис Корменд (Унгарија), Слам Стал Остров (Полска), Орадеа (Романија), Бујуксехир (Турција), Трабзонспор (Турција), Днипро (Украина).

Можни противници на екипата од Градски Парк се: Балкан Ботевград (Бугарија), Сохуми (Грузија), Св. Оливер Вирцбург (Германија), Солнок Олај (Унгарија), КР (Исланд), Бнеи Херзлија (Израел), Невезис (Литванија), Сибиу (Русија), Парма (Русија), КФУМ Борас Баскет (Шведска), Бујукчекмече (Турција).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП