18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSpotify има потпишано договор и со Sony Music?

Spotify има потпишано договор и со Sony Music?

Музичката стриминг услуга „Spotify“ успеа да склучи договор со втората по големина издавачка куќа во светот „Sony Music Entertainment“, тврдат медиуми, иако информациите се уште не се потврдени официјално, пренесува „Ројтерс“. Сето ова можеби ги постави основите на очекуваната примарна јавна понуда на „Spotify“ во САД.

Проценетата на 13 милијарди долари, шведска компанија во моментов планира директно влез на берзата во Њујорк подоцна во оваа година или на почетокот на 2018-та година, тврдат извори на „Ројтерс“.

„Sony“ се согласила да ја намали големината на надоместоците кои „Spotify“ треба да ја плаќа во замена за едно ограничување. Стриминг услугата ветила да ги ограничува новите албуми само до претплатниците кои си плаќаат, а тоа ќе важи за првите две недели од излегувањето на албумот. Потоа тој ќе станува достапен и за корисниците кои ја користат бесплатната услуга, пишува „Financial Times“, повикувајќи се на анонимен извор.

Меѓу топ изведувачите во портфолиото на „Sony“ се Адел, Бијонсе и Шакира.

Освен тоа „Spotify“ води преговори и со „Warner Music Group“, напиша „Billboard“.

Пониските надоместоци се клучни за „Spotify“, за да може компанијата конечно да излезе на профит и да ги задоволи очекувањата на инвеститорите.

Стриминг услугата забележа 349 милиони евра (400 милиони долари) оперативна загуба за последната финансиска година, што е за 47% зголемување во однос на една година претходно, иако приходите пораснаа за 50 отсто до 2,93 милијарди евра.

Во април компанијата потпиша неколкугодишен договор со „Universal Music Group“ на „Vivendi“ кој вклучува сличен двонеделен прозорец за новите албуми и помали одбивања кои „Spotify“ треба да ги плаќа.

Покрај тоа, таа потпиша договор со дигиталната агенција „Merlin“, која претставува повеќе од 20 илјади независни уметници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП