18 јуни, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕМодерниот хотел „Seven4One“ во Калифорнија (фото)

Модерниот хотел „Seven4One“ во Калифорнија (фото)

Уживајте во сонцето и океанскиот ветер, обновете ја својата енергија и подгответе се за новите предизвици…

Доколку се одлучите за Калифорнија како ваша дестинација, би требало да знаете дека хотелот „Seven4One“ во Лагуна Бич е скоро реновиран и ремоделиран од страна на „Horst Architect“ студиото. Интернационалните гости сега се уште повеќе добредојдени во овој модерен хотел, кој ја отсликува естетиката на современиот дизајн, додека пак, во исто време, ја претставува и концептуалната естетика на Лагуна бич.

Фасадата од дрво ја формира едната страна на фасадата и им дава акцент на линиите од остатокот на градбата, додека пак, двокатниот зелен ѕид ја прави оваа градба фантастично современо ремек дело.

Околниот пејсаж е фантастичен додаток на овој хотел, кој ја промовира љубовта кон природата. Зачекорете внатре во овој хотел, опуштете се и уживајте во своите омилени работи и создавајте спомени кои ќе ги паметите до крајот на животот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП