26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗдравствените продобивки од амарантот

Здравствените продобивки од амарантот

Одредени состојки во амарантот помагаат при регулирањето на високиот крвен притисок, како и ублажувањето на запаленијата во организмот кои обично ги следат хронични заболувања како дијабетис и срцеви болести.

Исто така, руските научници уште во 1996 година утврдиле дека амарантот е прекрасна намирница која треба секојдневно да се користи како дел од исхраната, особено кај лица кои страдаат од кардиоваскуларни заболувања, бидејќи делува на намалувањето на холестеролот и триглицеридите.

Амарант е билка кој не спаѓа во житните култури, но ги има нивните својства и се користи на сличен начин.

Семето на амарант не содржи глутен, може да се додава во чорба, со него да се готват јадења и салати, како и да се прави брашно.

Во 100 грама зготвен амарант има само 102 калории, четири грама протеин и два грама влакна.

Амарант е исклучително богат со минерали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП