19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИShell ќе издвои по 1 милијарда долари годишно до 2020-та за чиста...

Shell ќе издвои по 1 милијарда долари годишно до 2020-та за чиста енергија

Нафтениот гигант „Royal Dutch Shell“ планира да троши по околу 1 милијарди долари годишно до 2020-та година за делот поврзан со новите енергии, во момент во кој се забрзува транзицијата кон обновлива енергија и електрични автомобили, соопштува „Bloomberg“.

„Во некои делови на светот почнуваме да гледаме дека електричните автомобили со батерии се повеќе се прифатени од страна на корисниците, а трошоците за ветерот и сончевата енергија брзо паѓаат“, коментира извршниот директор на „Shell“ Бен ван Бјорден во Истанбул на Светскиот нафтен конгрес – средба на министри и извршни директор на едни од најголемите нафтени производители.

„Сето ова е добра вест за светот и треба да се забрза“, коментира тој.

„Shell“ гледа можности во водородните горивни елементи, течниот природен гас и следната генерација биогорива за воздушните патувања, превозот и тешките товари – сфери на транспортот, каде батериите не се адекватна идеја. Нерамномерниот карактер на ветерот и сончевата енергија значи дека електроцентралнте со природен гас ќе имаат долгорочна улога, рече ван Бјорден.

Иако рускиот министер за енергија Александар Новак и шефот на „Saudi Arabian Oil Co.“, Амин Насер изјавија дека нафтата и гасот ќе продолжат да доминираат во следните децении, ван Бјорден го нагласува потенцијалот за некои од брзо растечките земји да влезат брзо во „чистата енергија“.

„Кога ќе се насочите кон места во светот каде енергетската побарувачка се уште се зголемува, на пример Азија и суб-сахарска Африка, таму има огромни можности“, вели Ван Бјорден. „Постојат места кои воопшто не се притиснати во системот, управуван од јаглен. Тие имаат потенцијал да се насочат повеќе директно кон помалите енергетски интензивни патишта за развој“, смета тој.

„Често фокусот е премногу концентриран врз политиките за транзиција во енергетските извори во Европа и Северна Америка, наместо на брзо растечките економии. Она што се случува во Англија, е важно, но она што се случува во Етиопија е барем исто толку важно. Од Данска до Демократска Република Конго, од САД до Уганда, до Индија, до Кина – има многу работа да се направи“, рече Ван Бјорден.

„Овие земји, сепак, ќе имаат потреба од фосилните горива, за да развијат индустрии како производство на челик, цемент и хемикалии, бидејќи имаат потреба од топлинскиот интензитет, кој не може да дојде само од струјата“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП