21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTotal станува фаворит за идните нафтени проекти на Катар

Total станува фаворит за идните нафтени проекти на Катар

Францускиот нафтен концерн „Total“ ќе добие сериозна предност пред своите конкуренти за развој на гасните полиња во Катар, пишува „Ројтерс“, повикувајќи се на свои извори во Доха. Компанијата склучи милијарди договор со Иран, а тоа нејзе и дава и предни позиции, што се однесува до наоѓалишта во емиратот.

Катар е изолирана од соседните арапски земји, потсетуваат агенциите. Затоа и големите нафтени и гасни гиганти се очекувани за развојот на наоѓалишта. Со договорот во Иран, „Total“ излегува еден чекор напред пред „ExxonMobil“ и „Shell“, кои исто така изјавија интерес за работа со емиратот.

Во почетокот на месецот „Total“ стана првата голема западна нафтена компанија, која се врати во Иран по укинувањето на санкциите против земјата. Од раководството на францускиот гигант признаваат дека овој потег е договорен со Катар, бидејќи наоѓалиштето што ќе го развиваат, е во близина на границата со емиратот.

Така „Total“ станува фаворит за развојот на нови катарски проекти, велат уште извори на „Ројтерс“. Компанијата има интереси и работи и проекти во Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

Катар во моментов е најголемиот извозник на течен гас во светот. Во април земјата ќе ја отстрани забраната за развој на наоѓалишта што е во можност да ги зголеми капацитетот за експлоатација на гас со 30%. Според „Ројтерс“ тоа е и една од причините за споровите со соседните арапски држави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП